16. Oct 2011 12:52 Во Калифорнија прогласен светски ден на Стив Џобс

Во Калифорнија 16 октомври е прогласен за ден на Стив Џобс, генијалниот визионер и основач на компанијата Ејпл, кон почина на 5 октомври годинава.

Thumbnail

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун одлучи денот на комеморацијата на Стив Џобс на Универзитетот Станфорд, 16 октомври да го прогласи Ден на технолошкиот гуру, кој што го измени светот, пишуваат американските медиуми.

Токму на Универзитетот Станфорд, Џобс го одржа својот прв јавен говор, кој важи за еден од неговите највпечатливи и најинспиративни говори.