Докузовски: Дојдов со цел да го вратиме Куманово во Првата лига и да протежираме млади играчи(видео)
Во спортската сала на економското училиште „Перо Наков“ во сабота, 11 мај завршува Втората кошаркарска лига на Македонија. Првин во 16 часот ќе се игра натпреварот за третто место на табелата, но најатрактивен за публиката ќе биде оној во 19.30 часот на кој тимот на МКК Куманово ќе се обиде да го потврди шампионскиот статус во лигата и без пораз ќе го заврши првенството.