Euro Colleague
Bucen Kozjak
24. 07. 2017 16:24

Нов бековски тандем во КК Куманово(видео)

Нов бековски тандем во КК Куманово(видео)

Кошаркарскиот клуб Куманово го надоградува својот ростер во пресрет на новата сезона, па од денеска нови членови на тимот се Грифин Раме и Роберт Аврамовиќ.

Американецот Раме игра на бековската позиција, висок е 187 центиметри, а предходно играше за екипите на Тирана од Албанија, Стршљен од Црна Гора и Башкими од Косово. Минатата сезона имаше учинок од 13 поени и 3 асистенции во БИБЛ лигата, додека во Црногорското првенство предходната сезона имал учинок од 20 поени по натпревар.

Словенечкиот кошаркар Роберт Абрамовиќ е второто засилување кој ќе ја завземе плејмејкерската позиција во Куманово. Тој минатата година ја започна во Кожув по што се врати во Словенија и играше за тимот Шкофја Лока. Во сите натпреварувања минатата сезона, Абрамовиќ имал скор од 17 поени и 3 асистенции по натпревар.

Ростерот на Куманово треба да го надополни и еден играч на позицијата центар.