30. Nov 2011 14:14 Асфалтирана улица во населбата Карпош

Во населбата Карпош синоќа беше пуштена во употреба новоасфалтираната улица 40.

Thumbnail

Улицата е во должина од 1160 метри, а го спојува стариот пат за Крива Паланка со Никуљски пат, покрај барата. Патот го предаде во употреба градоначалникот Зоран Дамјановски и пратеникот Оливер Спасовски.

Овој пат е од големо значење за жителите на самата улица, но и на целата населба, бидејќи спојува две значајни сообраќајници и ја подобрува патната инфраструктура. Општината и досега инвестираше во решавање на комуналните проблеми на граѓаните, а ќе продолжи и понатаму -рече градоначалникот.  

Проектот чини 11 милиони денари, сретства од општинскиот буџет.