26. Dec 2011 17:52 Годинешниов буџет поголем за 30 одсто
Буџетот на Општината Куманово за наредната година ќе биде повисок за 30 проценти во однос на оваа година и ќе изнесува околу 27,5 милиони евра.
Од него 13,5 милиони евра е оперативна програма, од кои 8,2 милиони евра се капитални инвестиции, а останатите се плати и матерјални трошоци на локалната администрација. Буџетот мината година изнесувал 22,8 милиони евра.
Градоначалникот смета дека овој буџет е развоен и социјален, а на утрешаната седница ќе се чуе како ќе го оцени опозицијата.
