23. Sep 2011 16:19 Куманово ќе добие затворен базен
Општината Куманово наскоро ќе започне да гради затворен базен во близина на спортската сала. Базенот ќе биде на површина над 5,5 илјади метри квадратни, а ќе содржи спортски, комерцијален дел и спа-центар.
Се работи за капитална инвестиција каква што не сме имале подолг период. Со изградбата на базенот ќе се заокружи и ќе се уреди целиот комплекс околу спортската сала. Базенот ќе биде граден по сите современи стандарди за такви објекти и со можност за одржување на големи спортски манифестации- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Инвестиција е врeдна 1,8 милони евра, а парите ќе ги обезбед локалната самоуправа. За изградба на објектот е подготвена сета потребана документација, а распишан е и тендерот за изведувач на работите. Планирано е камен темелникот ќе биде удрен на Денот на ослободување на градот 11 Ноември.
На Куманово му е многу неопходен затворен базен, бидејќи со години наназад децата организирано со автобус заминуваат на пливање во Скопје.
