11. Nov 2011 10:59 Куманово доби атлетски полигон
Во рамките на празничните активности,синоќа свечено беше пуштен во употреба ателтскиот полигон во техничкото училиште "Наце Буѓони".
Полигонот е со површина од 6000 метри квадратни и е прв од ваков вид во државата, а наменет е за професионални спортисти, како и за училишниот и рекреативен спорт.
"За овој проект општината одвои 250.000 евра средства од општинскиот буџет.Ова е единствен тип на ателетски полигон по сите стандарди и со комплетна опрема што е неопходна за професионално тренирање. Со овој полигон се отвара можност за високо ниво на развој на сите атлетски дисциплини во спортот.Се надевам дека нашите спортисти ќе постигнуваат големи резултати со кои сите ќе се гордееме. Со спортските објекти кои се изградени и оние кои ќе се изградат до идната година, Куманово повторно ќе стане центар на спортот во државата"- рече на свеченото отварање градоначалникот Зоран Дамјановски.
Директорката на училиштето Лидија Михајловска,не го криеше задоволството што токму тие добија толку значен спортски објект, и истакна дека сега наликуваат на училиштата од развиените држави од Европа.
На прославата на отварањето на атлетскиот центар, покрај граѓаните присуствуваа и делегации од десетина збратимени градови од регионот.
