12. Oct 2011 18:04 Почнаа подготовките на проектот палење на отпад
Градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како претсадетел на Североисточниот плански регион денеска, со чешката компанија „Бресон“, потпиша договор за изработка на физибилити студија, планска и тендерска документација за изградба на фабрика за согорување на цврст отпад.
Студијата ќе чини 255 иљади евра, а треба да биде готова за две месеци. Половина од сретствата ќе бидат донација од чешката влада, а останатите ќе ги обезбедат општините од Североисточниот регион.
По завршување на студијата ќе се бара инвеститор, кој ќе сака да ја изгради фабриката за палење на сметот. Проектот ќе се реализира на принципот на јавно-приватно партнерство, а веќе има интерес од чешки инвеститори. Ова е историски чин за нашата локална самоуправа, но и за целиот регион, бидејќи ќе се реши деценискиот проблем со складирање на цврстиот отпад. При тоа ќе се создадат услови за изградба на градска топлана, ќе се произведува и електрична енергија - вели градоначалникот Дамјановски.
Фабриката најверојатни ќе биде лоцирана во населбата Добрешане во близина на Станицата за пречистување на отпадните води. Слични горилници на има во Прага, Рим и Будимпешта. Фабриките се изградени по највисоките технолошки стандарди и ги исполнуваат сите еколошки норми на ЕУ. Проектот ќе чини околу 50 милиони евра, а инвеститорот ќе ја добие на користење 35 години.
Со нашата студија сакаме да му помогнеме на Куманово да го избере најдобриот проект на изградба на фабрика на палење на комуналниот смет - рече претставникот на компанијата Бресон.
