09. Sep 2011 13:01 Продолжува изградбата на патот Старо Нагоричане-Никуљане

 Од наредната недела ќе продолжи изградбата на патот што ги поврзува селата Старо Нагоричане и Никуљане. Во втората фаза е предвидено да се асфалтираат уште 1800 метри со што целосно ќе се заврши патот.

Thumbnail

Овој пат е од особено значење не само за жителите на двете села, туку на целата општина, бидејќи претставува директна врска со општината Куманово. Патот се гради по сите стандарди за современи сообраќајници и треба да биде завршен до 1 декември- вели градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

Сретствата ги обезбедува Агенцијата за патишта. Првиот дел од патот од селото Старо Нагоричане беше изграден мината година во иста должина.