Bucen Kozjak
11. 01. 2017 13:58

Купил јагниња, не ги платил на сточарот

Купил јагниња, не ги платил на сточарот

Кривична пријава заработи Ј.Д. (55) од с.Кокошиње-кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама”.

Пријавениот во текот на април 2016 година, од оштетениот С.М. (40) од с.Конопница-Крива Паланка, купил 130 јагниња, за кои на трансакциона сметка требало да му префрли 141.700 денари. На 18.05.2016 година, истиот преку правно лице „Мелани Компани“ ДООЕЛ Куманово, на трансакционата сметка му префрлил само 90.000 денари, а останатите 51.700 денри, до денот на поднесување на пријавата не биле префрлени, ниту пак оштетениот добил било каква и да е компензација во средства или храна.