website statistics


01. 11. 2013 12:38

Обнова на документи за социјална помош

Обнова на документи за социјална помош

Од денеска до крајот на месецот ќе се врши обнова на документи за добивање на социјална парична помош од државата.

 Граѓаните ќе треба да достават документација за материјалната и бројната состојба на домаќинството. Дел од документите корисникот ги поднесува при поднесување на барањето и во текот на користење на социјалната помош. Повеќето документи Центарот за социјални работи ги прибавува по службена должност по електронски пат со надлежните институции или во писмена форма.

Согласно Законот за социјална заштита, потоа ќе следи увид на терен за да се утврди фактичката состојба.

Во Куманово, Старо Нагоричане и Липково социјална помош добиваат скоро 3.900 граѓани.


СПОНА