Bucen Kozjak
10. 01. 2017 16:43

Помош за сиромашните семејства во козјачките села

Помош за сиромашните семејства во козјачките села

 Волонтери од Црвениот крст Куманово денеска однесоа помош на 14 социјално загрозени семејства во селата: Кокино, Степанце, Жегљане, Дејловце и Арбанашко.

„Се работи за семејства кои живеат под прагот на сиромаштијата, во отсечените, тешко пристапни и завеани терени во козјачките села. Акцијата беше организирана по предходни контакти со семејствата, а помошта се состоеше од прехрамбени пакети и кебиња, - соопштуваат од Црвениот крст Куманово.

Тие најавуваа дека со својот тим останува во приправност и подготовени се да помогнат доколку и во наредните денови има потреба.