16. 03. 2018 10:24

Промовиран проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“

Промовиран проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“

Проектот „WE MAKE: Женско претприемништво во Македонија за конкурентност“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од ГТФ Иницијативата за одржлив раст од Хрватска, заедно со Здружението на бизнис жени од Република Македонија, беше промовиран во Скопје.

Проектот WE MAKE е финансиран преку ИПА програмата и се спроведува во текот на целата 2018 и дел од 2019 година, со времетраење од 16 месеци. Организациите спроведувачи активно ќе реализираат повеќе активности, во неколку фази, со постоечки и нови општествени партнерства, заедно со сите релевантни и засегнати чинители, за подобрувањето на можностите на младите жени и девојки, во ИKТ и СТЕМ секторот, како и во зелената економија и социјалното претприемништво, за вработување и самовработување, во избраните општини од осумте плански региони, каде проектот се реализира: Битола, Струга, Велес, Тетово, Куманово, Штип, Струмица и Скопје.

Општата цел на проектот е да придонесе кон зголемување на конкурентноста на економијата на Република Македонија, преку поддршка на различен екосистем за претприемништво, вклучувајќи ги жените и граѓанското општество. Со проектот се предвидува поттикнување и поддршка на актуелните и потенцијалните жени претприемачи преку зголемена и подобрена употреба на технологија, иновации, вмрежување и извоз, како и градење на капацитетот на националната асоцијација за женско претприемништво – Здружението на бизнис жени и Платформите за зајакнување на екосистемот за претприемништво во Македонија, преку имплементација на Националната Стратегија за развој на ЖП 2018-2022 во РМ.

Проектните активности предвидуваат обуки, во сите 8 плански региони, преку нестереотипна и иновативна програма за кодирање, со кои ќе бида опфатени минимум 500 средношколци. Преку проектните интервенции и ресурси ќе се овозможи поддршка со обуки за нови технологии, ICT/STEM/Green/Social, стартап, извоз и кластеринг, на 150 потенцијални старт - ап жени и девојки, а преку повратни информации и менторство, понатаму ќе произлезат и најмалку 15 нови бизниси на жени. Во тек на проектната реализација ќе биде воспоставен и достапен за пристап и употреба WE MAKE веб портал, кој предвидува функционален виртуелен инкубатор, хуб за извоз и за онлајн тренинзи, како и редовно информирање на сите заинтересирани, постоечки и потенцијални претприемачки, за сите новини и отворени можности.

Граѓанското општество исто така ќе има директен пристап до информации за новите улоги на жените и девојките во современата конкурентна економија и поконкретно за Стратегијата за Развој на женско претприемништво. Преку настанот се презентира важноста на проектот за развојот на женското претприемништво, се претставуваат проектните партнери - организациите имплементатори, проектните цели, активности и резултати, како и примери и политики за конкурентност во женското претприемништво и улогата на граѓанскиот сектор во Република Хрватска.

 
stuz
Hristijan Karpos
Garden Cvecara
NER
Parking
Joco Turs
Staro Nagoricane