Euro Colleague
Bucen Kozjak
24. 04. 2017 10:52

Реконструкција на две улици во централното градско подрачје

Реконструкција на две улици во централното градско подрачје

Денеска започнува реконструкција на улиците „Среќко Пужаљка“ и „Чупино Брдо“, кои се наоѓаат во близина на гимназијата „Гоце Делчев“. 

Од секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и природата при Општина Куманово, ги информира граѓаните дека додека трајат градежните работи ќе биде блокиран сообраќајот на двете улици.

Со цел да се изведат што е можно побрзо градежните зафати ги молиме граѓаните да ги отстранат моторните возила од улиците, - апелираат од општината.

Улиците „Среќко Пужаљка“ и „Чупино Брдо“, се едни од најфреквентни во градот, бидејќи поврзуваат две основни училишта,  едно средно и една градинка. Асфалтот на улиците беше и порано оштетен, но заради поставување на новата канализациона мрежа улицата беше целосно ископана, па зимоска не можеше да се помине по неа од вода и кал.